На Ема Стоун ѝ пукна фустанот додека ја примаше наградата за најдобра актерка

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ема Стоун (35) доби Оскар на 96-тото доделување на оваа престижна награда, за главна актерка во филмот „Кутри нешта“. Ова е втор Оскар за Стоун, откако ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Ла Ла Ленд“ во 2017 година.

При примањето на наградата, актерката откри дека имала проблеми со фустанот.

– Фустанот се скина. Мислам дека тоа се случи за време на песната „I’m Just Ken“ – изјави Стоун, кој заедно со остатокот од публиката воодушевено ја прослаеди изведбата на таа песна на доделувањето.

Песната ја изведе нејзиниот колега од „Ла Ла Ленд“, Рајан Гослинг, кој го глумеше Кен во филмот „Барби“. Иако таа песна беше номинирана и за најдобра оригинална песна на 96-те награди, таа награда и припадна на Били Ајлиш за песната „What I Was Made For“ за истиот филм. Тоа беше и единствениот Оскар што го доби филмот „Барби“ оваа година.

Стоун на доделувањето на наградите се појави во фустан на „Луј Витон“ без прерамки, кој го комбинираше со ѓердан од жолт дијамант од 30 карати.

– Неодамна ме фати паника, како што можете да видите, тоа често ми се случува. Јоргос Лантимос ми рече да се не паничам. И тој беше во право, бидејќи не се работи за мене. Се работи за целиот тим кој се собра за да направи нешто неверојатно – рече таа во својот говор. Таа му се заблагодари и на режисерот Лантимос за улогата на Бела Бакстер.

По својот говор, Стоун накратко проговори за својот фустан.

– Немојте да ја гледате одзади, благодарам – рече таа и излезе од сцената држејќи го фустанот со раката.

Филмот „Кутри нешта“ е втор најнаградуван Оскар оваа година. Беше номиниран во 11 категории, а доби четири Оскари за: најдобра шминка и фризура, најдобра костимографија, најдобра сценографија и најдобра актерка.

Share This Article
Exit mobile version