На Богородица и Табановце и денеска за излез се чека половина час

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На граничниот премин Табановце и на грангичниот премин Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Од АМСМ потсетуваат дека од 9 до 20 август 2022 година, на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник  поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10 и 16 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

Share This Article
Exit mobile version