Младите ракометари ги испратија великаните во заслужена пензија

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со резултат 25:21 вечерва заврши ревијалниот хуманитарен ракометен натпревар помеѓу актуелната ракометна репрезентација и екипата формирана од најзвучните ракометни имиња во историјата на Македонија.

Во поголемиот дел од времето, ветераните машки и рамо до рамо се држеа резултатски со помладите свои колеги, но очигледно, падна концентрацијата во вториот дел од второто полувреме кога актуелните македонски репрезентативци постигнаа неколку голови во низа и практично го одредија победникот.

За играч на натпреварот беше прогласен некогашниот пикер Ванчо Димовски, кој одигра одлична партија и постигна неверојатни голови.

При прогласувањето на играчот на натпреверот, шоуменот Сашко Коцев го грабна микрофонот и имитирајќи го актуелниот премиер Димитар Ковачевски, извика: „Стани Ванчо, нек те види сала“, по што целата публика грмна да се смее.

Организаторот на настанот, Ракометната федерација на Македонија, уште еднаш ја покажа својата хуманитарна димензија со поддршката на најранливите, децата и младите без родителска грижа.

Настанот беше збогатен со музичките ѕвезди, Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Кики Мукаетов, Меморија, Некст Тајм, а шоуто го водеше Сашко Коцев.

Македонската репрезентација утре заминува за Пореч да ги продолжи подготовките за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска.

Share This Article
Exit mobile version