Мицкоски вели дека неговата партија ќе ја врати Македонија на народот

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„На прагот сме на голема победа. И таа победа зависи од секој еден човек на Македонија. И таа победа нема да биде само наша, туку ќе биде на сите пристојни луѓе кои овој пат ќе решат да излезат на избори и ќе донесат одлука не за нас, туку пред сè за себе, за своите семејства, за својата иднина. Работите никогаш не биле потешки, но и никогаш не биле појасни“.

Вака говореше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната промоција на кандидатите за пратеници на коалицијата „Твоја Македонија”. Според Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ е најголема сила за промени која ќе му ја врати Македонија на народот, „победа која ќе испрати порака дека 2 милиони народ се посилни од стотина елитисти кои со години ја упропастуваат Македонија“.

Мицкоски наведе дека корупцијата во Македонија во последните три децении ги навела граѓаните да бидат незаинтересирани за политика, но дека од тоа само ќаруваат, како што рече, лошите политичари.

– Многу работи кои се случија овие триесетина години независност придонесоа луѓето да станат незаинтересирани за важните работи и процеси во Македонија. Таквата незаинтересираност и кревање раце од работите им е добредојдена на сите оние политички елити кои всушност се потпросечни медиокритети кои се наоѓаат да одлучуваат за судбините на сите нас. Таквите убијци на надежта на луѓето всушност се хранат и печалат од  потргнувањето настрана на сите паметни луѓе кои соочени со бројните проблеми, разочарани од милионите пропусти на системот, обесхрабрени и навредени од примитивноста со која им се настапува од власта, решаваат да дигнат раце и се откажат од својот сон, од својот идеал и или заминуваат од државата или се потполно незаинтересирани за важните работи. Но мора да си признаеме нешто, а тоа е дека лошите политичари ги носат луѓето кои всушност не гласаат, се пасивизираат и креваат раце од работите – заклучи Мицкоски.

На претставувањето на листите денеска зборуваа и Драган Ковачки кој рече дека време е да се чуе македонскиот глас и граѓаните заедно да ги донесат промените, Владо Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе испише историја на задоволни граѓани, а потпретседателот  на партијата Александар Николоски потсети дека ако граѓаните сакаат да си ја вратат Македонија на овие избори е потребна рекордна излезност.

Share This Article
Exit mobile version