Мицкоски: Ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам јавно извинување

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување, јас сум подготвен да сносам одговорност. Но ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил, истакна премиерот Христијан Мицкоски во Топ Тем на Телма.

Мицкоски рече дека иако имало можност тоа да не се плати, сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежените органи.

Во однос за патувањата во странство премиерот Мицкоски истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.

– Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа – рече Мицкоски.

За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека од Скопје до Виена, како и потоа на летот за Лондон во економска класа.

Share This Article
Exit mobile version