Минималната синдикална кошничка за јануари годинава изнесува 35.811 денари и е зголемена за 770 денари

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Минималната синдикална кошничка за јануари годинава изнесува 35.811 денари и е зголемена за 770 денари во споредба со декември 2021 година, информира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Во Синдикалната кошничка најголемо учество од 15.317,93 денари или 42,77 отсто имаат исхраната и пијалаците, со 11.447,24 денари, односно 31,97 отсто учествува домувањето, хигиената е застапена со 6,74 отсто или 2.415,09 денари, превозот со 2.652,27 денари, односно 7,41 отсто, облека и обувки со 2.165,27 денари или 6,05 отсто, култура 1.067,86 или 2,98 отсто и одржување на здравје со 745,34 денари, поточно 2,08 отсто.

Овие бројки според ССМ покажуваат дека е оправдано нивното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто на сите останати плати.

– Најголем пораст на индексите на трошоците на животот е забележан  кај централното греење за домаќинствата за 14 отсто, електричната енергија за домаќинствата за 9,4 отсто,…  Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 4.3 отсто, рибата за 3,5, свежото и разладеното овошје за 3,4, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2,5 отсто,… – велат од ССМ.

Синдикалната кошничка ги определува минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство на месечно ниво.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply Cancel reply

Exit mobile version