Метереолозите најавуваат промена на времето во текот на денешниот ден. Претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. УВ факторот ќе биде 8, информираат од УХМР.Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер и максимална температира до 38 степени. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме.