Меџити најавува „војна“ против копрупцијата

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, поранешниот висок функционер на Демократската унија за интеграција а сега лидер на Демократското движење, Изет Меџити, објаснува дел од причините зошто ја напуштил паријата во која бил од основањето.

– Една од причините што излегов од ДУИ е бидејќи забегаа во некои работи, каде е тенка линијата политичка партија и подземје – вели Меџити.

Се работи за казино бизнисот и брзите кредити кои по случајност или не лиценците ги добиваат од ДУИ и министерство за финансии.

– Чудно е бидејќи албанските партии во последните 30 години никогаш не изразиле интерес да се дел од Лотарија на Македонија. Немаа ниту членови на Управен одбор, ниту заменик директор – вели Меџити во интервјуто.

– Оваа власт и ДУИ што не можам да го препознаам ниту јас, прв чекор го направи со тоа што асистентот што го имаше Артан Груби во Собрание го постави за генерален директор на Лотарија на Македонија. Иако имаше концесија на 15 години од порано и дел од тоа беше изминат рок, незаконски, без владини процедури, без мислење од законодавната комисија, зборувајќи цело време дека треба да ги дислоцираме казината на 500 метри, а во тој период се издаваат нови концесии што ризикуваме државата да се казни над 160 милиони евра. Се потпишуваат три, четири нови ланци на казина, Албанија, Косово и другите држави во регионот се затвораат и сето тоа се преселува тука – предупредува Меџити.

фото: Принтскрин/Радио Слободна Европа

Share This Article
Exit mobile version