Македонските граѓани треба да се чувствуваат безбедно

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради војната меѓу Израел и Хамас, степенот на безбедносен ризик од закани во Македонија е зголемен од ниско на средно ниво, потврди Златко Апостолоски, националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против терориза. Тој рече дека и нивото на активностите на безбедносните служби е подигнато повисоко и посочи дека граѓаните засега треба да се чувствуваат безбедно.

– Апсолутно нивото на безбедносните служби е подигнато на многу повисоко ниво, но тоа не значи дека ние може сега да кажеме дека нивото на закана е на највисоко ниво – изјави Апостолоски, прашан за зголемувањето на нивото на безбедноста во земјите од ЕУ.

За нас, посочува Националниот координатор, не се битни политичките карактеристики на конфликтот, туку фактичката ситуација.

– Токму од тој аспект и ги градиме превентивните механизми на локално ниво, да ги препознаеме лидерите кои агитираат за одредена страна и кои повторно може да ги доведат во заблуда нашите граѓани, и да ги однесат на некакви боишта каде би војувале за туѓи интереси и цели – истакна Апостолоски.

Во однос на можноста за регрутација на луѓе од регионов да заминат и да се борат во овој конфликт, тој посочува дека доколку ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас и доколку се вклучат трети страни реално е да се очекува дека и од регионот на Западен Балкан ќе има одредена поддршка, дали на едната или на другата страна.

– Многу е рано да се каже дека постои организирана форма на регрутација на луѓе во земјава кои би заминале во Палестина. Сега за сега, навистина, освен она што се агитира по социјалните мрежи, некоја поорганиизрана форма на регрутирање во еден или друг правец не е регистрирана, а како ќе биде понатаму зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните – вели Апостолоски.

Тој потсетува на војната во Сирија и Ирак и иако тогаш воено се порази Калифатот, идеологијата за Калифатот остана, а можноста за постоење центри каде се шири ваквата идеологија на просторот на Балканот, вели е реална.

– Кога зборуваме за регрутацијата, тоа во многу нешта зависи од тоа како ќе се одвива расплетот на конфликтот во Газа. Сведоци сме на директен воен судир меѓу Израел и Хамас, спорадично Хезболах упатува по некоја ракета од Либан на израелска територија. Но, се уште таму не ескалирала ситуацијата во регионален контекст. Оценките се дека е можна ескалација на случувањата. Доколку ескалираат случувањата реално е да очекуваме дека таквите појави ќе се манифестираат и на подрачјето на регионот на Западен Балкан. Токму од тој аспект ние последните години интензивно развиваме регионална соработка на ниво на регионални координатори на ЗБ и ги разменуваме податоците, разговараме за заканите и за превентивните аспекти кои ги презмемаме за да ја спречиме на регионално ниво ваквата појава – истакнува Апостолоски.

Од Македонија на странските боишта се смета дека заминале 143 лица, од нив 85 се вратени во земјава, дел самоиницијативно и по различни канали пред да се санкционира кривичното делото, а дел со организиран систем на поврат. Во програмата за ресоцијализација задолжително се вклучени овие повратници странски борци кои се репатрирани, а тие кои се вратиле самоиницијативно може да се приклучат на Порграмата по нивна слободна волја. Инаку како што кажа Апостолски, имаат сознанија за уште пет наши државајни кои се активни борци и се наоѓаат на границата на Сирија и Ирак.

- Advertisement -

фото: МИА

Share This Article
Exit mobile version