Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.

Крањ и Словенија засекогаш ќе останат запишани длабоко во аналите на македонскиот фудбал како почеток на фудбалскиот сон да имаме своја репрезентација која беше предводена од легендарниот Андон Дончевски.

На 13. октомври 1993 година репрезентацијата предводена од првиот македонски селектор Андон Дончевски во Словенија го одигра првиот официјален натпревар, признаен ФИФА и УЕФА, и победи со 1-4.

Стрелец на првиот репрезентативен гол за независна Македонија беше Зоран Бошковски – Чоко, а на асистенција на Дарко Панчев, уште во 3. минута од стрелбата. Потоа погодија од пенал и Панчев и Јаневски, а четвртиот гол со убав шут од далечина го постигна Драган Канатларовски.

МАКЕДОНИЈА: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63′ Неџмедин Мемеди), Зоран Јованоски, Љупчо Марковски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски (86′ Ванчо Мицевски), Бобан Бабунски (12′ Горан Георгиевски, 73′ Сашо Милошевски), Тони Мицевски, Дарко Панчев.

Share This Article
Exit mobile version