Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години вечерва ја победи Босна и Херцеговина со 99:87

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години вечерва ја победи Босна и Херцеговина со 99:87 во второто коло на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.

Ова е втора победа за Македонците во исто толку натпревари на првенство по стартната победа над Ирска.

На вториот досега завршен натпревар од 2. коло во Групата Ц, Украина го победи Кипар со убедливи 93:42.

Македонската селекција е лидер на табелата со максимални две победи, БиХ и Украина имаат биланс 1-1 (победа-пораз), Чешка има 1-0, Кипар 0-2 и Ирска 0-1.

фото: МИА

Share This Article
Exit mobile version