Лула излезе од затвор за да го бутне Болсонаро и да владее со Бразил

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Контроверзниот лидер на Работничката партија во Бразил, кој владееше од 2003 до 2010 година, за потоа да поднесе оставка поради наводна корупција и да лежи во затвор 580 денови, сега повторно ќе ја води најголемата јужноафриканска земја. Враќањето на Луси Игнасио Лула да Силва беше изненадување во Бразил, пишува Ројтерс.

„Најпопуларниот престедател на светот“, како што еднаш Барак Обама го нарече Да Силва, го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро со 50,83 отсто гласови иако сите анкети не му даваа повеќе од 45.

Лула Да Силва бил предвреме пуштен од затвор каде требало да лежи 12 години поради тоа што неговата партија наводно ја турнала земјата во рецесија. Било одлучено дека судијата што го водел процесот бил пристрасен. Тоа било одлична можност за враќање „од мртвите“.

„580-дневниот престој на Лула во затвор изгледаше како меланхоличен крај на животот од бајките во кој тој се издигна од руралната сиромаштија и стана еден од најпопуларните светски лидери“, пишува Гардијан.

Во времето на неговото владеење Лула имал поддршка од повеќе од 80 отсто од гласачите. Тој сега ќе раководи со животите на 214 милиони луѓе.

Изборите се голема казна за Болсонаро, кој беше огнен десничар, но и голем популист. Тој ја загуби поддршката во корона-кризата кога Бразил ги имаше едни од највисоките стапки на смртност во светот. Истовремено, владата на Болсонаро се бореше со кризата со палењето и уништувањето на шумите во Амазон за кое многу светски лидери го вперија прстот кон неговата влада.

Американскиот претседател Џо Бајден му честиташе на Лула за победата на „слободни, фер и кредибилни избори“, а со тоа му се приклучи на хорот комплименти од европските и латиноамериканските лидери.

И Владимир Путин му честиташе на Лула.

„Ве молиме прифатете ги моите искрени честитки за победата на претседателските избори. Резултатите од гласањето го потврдуваат вашиот висок политички авторитет. Очекувам дека нашите заеднички напори ќе обезбедат понатамошен развој на конструктивна руско-бразилска соработка во сите области“, рече Путин во честитката, пренесува агенцијата ТАСС.

- Advertisement -

Победата на Лула ја означува новата „ розова плима“ која се укрупнува во Латинска Америка, по значајните левичарски победи на изборите во Колумбија и Чиле.

За Лула Ројтерс пишува дека е „поранешен синдикален лидер роден во сиромаштија, кој организираше штрајкови против бразилската воена влада во 1970-тите. Неговото двократно претседателствување беше обележано со економски бум воден од стоката и тој ја напушти функцијата со рекордна популарност“.

Share This Article
Exit mobile version