Лош период за Ѓоковиќ во последните 4 години

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со вчерашниот пораз од Рафаел Надал во четвртфиналето во Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го нанижа третиот грен-слем турнир без триумф, што е негова најлоша серија во последните четири години.

Серијата успеси на Ѓоковиќ почна во Вимблдон 2018 година и оттогаш до денес најдобриот светски тенисер победи на осум од вкупно 15. грен – слем турнири.

Триумфираше на Австралија Опен (2019, 2020, 2021), Ролан Гарос (2021), Вимблдон (2018, 2019, 2021) и на Ју-Ес Опен (2018).

Последната долга серија на грен – слем турнирите на кои Ѓоковиќ не освои трофеј беше од Вимблдон 2016 до Вимблдон 2018 година кога минаа осум турнири во низа без триумф на српскиот тенисер.

Share This Article
Exit mobile version