Лавров проговори за ракетата „Орешник“ кај Такер Карлсон

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на хиперсоничнаta балистичка ракета „Орешник“ во војната во Украина е обид да се натера Западот да разбере дека Москва е подготвена да ги искористи сите средства за да се осигура дека нема да ѝ биде нанесен „стратешки пораз“, јавува РИА.

– Пораката е дека вие, мислам на САД и сојузниците на САД, кои исто така го снабдуваат ова оружје со долг дострел на режимот во Киев – тие треба да разберат дека ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешки пораз на Русија – рече Лавров во интервју со познатиот новинар Такер Карлсон, емитувано синоќа на Икс.:

Лавров, исто така, рече дека е „многу сериозна грешка“ за кој било на Запад да претпостави дека Русија нема црвени линии или дека тие „постојано се поместуваат“.

 

 

Рускиот шеф на дипломатијата истакна дека за Русија е клучно Украина да не биде во НАТО бидејќи тој сојуз „не смее да биде на границите на Русија“.

Зборувајќи на англиски, Лавров рече дека западот одбил да разговара за одржување на безбедносните гаранции за Русија во неделите и месеците пред да почне целосната инвазија врз Украина.

„Украина ја изгуби шансата да го задржи својот територијален интегритет откако двапати одби предлози за договор, еднаш пред да почне војната, а потоа на разговорите во Турција во април 2022. Ние не ја почнавме војната. Ние со години предупредувавме дека доближувањето на НАТО до нашите граници ќе создаде проблем“, рече Лавров, отфрлајќи го „победничкиот план“ на Володимир Зеленски како бесмислен.

Русија пред две недели ја истрела својата нова хиперсонична ракета Орешник кон украинскиот град Днепар во големата ескалација на војната која трае речиси три години. Рускиот претседател Владимир Путин оттогаш се закани дека ќе употреби оружје против Киев како одговор на украинските напади на руска територија.

- Advertisement -

– Испраќаме сигнали и се надеваме дека последниот сигнал, пред неколку недели, со новиот вооружен систем наречен Орешник… е сфатен сериозно – рече Лавров.

Иако рускиот министер инсистираше на тоа дека Москва не сака да ескалира ситуацијата и сака да „избегне какво било недоразбирање“ со Вашингтон и неговите партнери, Лавров предупреди дека „ќе испратиме дополнителни пораки доколку не ги донесат потребните заклучоци“.

Путин рече дека ракетата Орешник лета 10 пати побрзо од звукот и дека противвоздушната одбрана не може да ја пресретне.

- Advertisement -

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „последниот напад на руското лудило“ и повика да се распоредат системи за противвоздушна одбрана за да одговорат на новата закана.

Share This Article
Exit mobile version