Кремљ чека официјална потврда од Белата куќа за американските ракети

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку САД ѝ дозволат на Украина да го користи оружјето произведено од САД за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и до продлабочување на американското учество во конфликтот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ во првичната реакција на одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ѝ се дозволи на Украина да ги користи американските ракети „Атацмс“ во длабочина на руска територија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека рускиот претседател Владимир Путин претходно јавно го кажал својот став за потенцијалната дозвола на САД за употреба на нивните ракети во Русија, односно дека употребата на такво оружје значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина.

Песков посочи дека наводите за дозволата од САД сè уште не се официјално потврдени.

Тој оцени дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да продолжи да предизвикува тензии во Украина.

„Знаете, сè уште има извештаи во западните медиуми, но јасно е дека администрацијата во заминување во Вашингтон има намера да преземе чекори за да продолжи да долева масло на огнот и да предизвика дополнителна ескалација на тензиите во врска со овој конфликт“, рече Песков.

Њујорк тајмс, Ројтерс и некои други медиуми синоќа излегоа со наводи дека администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден вчера ја овластила Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел „Атацмс“ за напади длабоко во руска територија.

Share This Article
Exit mobile version