Контроверзните привилегии за „Бехтел и Енка“ на комисиска расправа во Собранието

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Предлог-измените на Законот за работни односи во делот за прекувремена работа и местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес на државата, што се предлагаат по скратена постапка, денеска е на дневен ред пред Собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Со законските измени се предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Со овие законски измени се очекува дека ќе се надмине состојбата на продолжување на роковите за прашања кои се од национален и стратешки интерес. Дополнително се воведува можноста за работа во недела.

Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес.

Министерот за финансии во согласност со министерот за труд и социјална политика по усвојувањето на законските измени ќе треба да донесе подзаконски прописи за регулирање на местото и начинот на исплата на платата на работниците на проекти од национален и стратешки интерес.

Share This Article
Exit mobile version