Колку пари ќе ѝ се дадат на ЕСМ за купување јаглен, мазут и гас?

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По вторпат  годинава владата прогласува енергетска вонредна состојба. Според она што го најави министерот за економија Крешник Бектеши оваа кризна состојба ќе важи од 1 септември, но може да почне и порано.

Како што веќе е најавено цел на оваа кризна состојба е да овозможи владата од државниот буџет да префрли пари за државниот производител на струја ЕСМ со кои ќе се купува јаглен и мазут. Претходно владата одлучи да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да се помине полесно зимата која е оценета како најлоша за енергетиката. Донесени се и мерки за штедење на струја за јавниот сектор и препораки за домаќинствата и компаниите со кои очекува да се заштеди 15 отсто од потрошувачката на струја.

Со ребалансот на буџетот за годинава веќе се обезбедени парите за субвенционирањето на државните електрани и за одредена категорија граѓани.

Според официјалните податоци од почетокот на годинава владата веќе потроши 90 милиони евра за покривање на загубите на ЕСМ, која поради недоволното домашно производство за покривање на потребите на домаќинствата и фирмите што се наоѓаат на регулиран пазар, купува поскапа струја од странство и им ја продава поевтино.

Од ЕСМ деновиве информираа дека веќе е зголемено производството за 15 отсто. Компанијата тврди дека пред зимската сезона ќе ги активира сите расположливи капацитети во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино. Дополнително ЕСМ треба да се погрижи и за централното греење на скопјани.

Познавачите на состојбите во работењето на ЕСМ велат дека со она што располага сега компанијата: испаднат еден од блоковите во РЕК Битола, неможност да се стави во функција вториот котел во ТЕЦ Неготино како и актуелните набавки на јаглен и домашните залихи од овој енергенс и слабото производство, тешко ќе биде ЕСМ да одговори на барањата на владата.

Владата најави и дека ако има вишоци на произведена струја тие ќе им се дадат на компаниите кои со струја се  снабдуваат на слободниот пазар, но бизнис заедниците бараат дел од производните капацитети да ја продаваат струјата на компаниите како лани.

Share This Article
Exit mobile version