Клоп и Салах во жрестока расправија

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По ремито со Вест Хем, Ливерупл отпаднаа од трката за титулата англиски шампион, а Мохамед Салах жестоко се расправал со тренерот Јирген Клоп.

Во една од најексплицитните секвенци на сезоната во англискиот фудбал, Египќанецот бесно му префрли на германскиот тренер затоа што решил да го внесе на теренот од клупата за резерви.

Дарвин Нуњез го запре Салах во бесниот налет и спречи ескалација на ситуацијата.

– Да кажам нешто сега… Па, ќе дојдеше до пожар  – изјави Салах по натпреварот за инцидентот со Клоп.

Клоп, од своја страна, беше многу подипломатски кога го објаснуваше инцидентот:

– Веќе разговаравме во соблекувалната и за мене тоа е затворено – рече Клоп.

Легендата на Ливерпул Џејми Карагер ја коментираше ситуацијата на социјалните мрежи:

– Мо Салах и Јирген Клоп се легенди на Ливерпул. Не треба да заземаме страна! Салах е фрустриран и лут на Јирген бидејќи не игра, Јирген е разбирливо навреден“ – анализира поранешниот фудбалер на Ливерпул кој сега работи како телевизиски коментатор.

 

- Advertisement -

Карагер беше покритичен кога ги оценуваше запаливите изјави на Салах:

– Мо постапи глупаво во микс зоната… Но, ајде да го пуштиме да го реши тоа и да уживаме заедно во неговите последни недели.

Мохамед Салах има намера да го напушти англискиот клуб во летниот преоден рок.

- Advertisement -

Како што објави The Sun одлуката на Египќанецот е поврзана со заминувањето на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Претходно се дозна дека германскиот стручњак ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Според првичните информации главен претендент за Салах е саудискиот клуб Ал-Итихад. Раководството на клубот од Саудиска Арабија е подготвено да плати 233 милиони евра за египетскиот фудбалер.

Share This Article
Exit mobile version