Ќе се ангажираат булдожери само ако е неопходно – ЕСМ му одговори на Николовски

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕСМ преку соопштение ги осуди, како што наведе, инсинуациите што денес во јавноста ги пласира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, „изнесувајќи парцијални и паушални податоци во јавноста од документ кој е јавно достапен“.

Александар Николовски денеска на прес-конференција обвини дека власта се утепала од крадење, а „местото за крадење и „златната кокошка“ за крадење е РЕК Битола и Електрани на Македонија со омилената компанија на власта Марковски Компани од Битола која што ги добива сите возможни тендери во РЕК Битола, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ“.

Соопштението од АД ЕСМ го објавуваме интегрално:

„Јавната набавка за услуга од Ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола, булдожер – газеничар со снага на мотор од мин. 380 kW е рамковна спогодба, односно услугата ќе се користи кога ќе биде неопходно, во обем и со динамика која ќе биде неопходна за производствениот процес во комбинатот. Во став 4 од член 3 на Договорот за споменатата јавна набавка, јасно и недвосмислено е наведено дека обемот и времетраењето на услугите ги утврдува исклучиво договорниот орган – соодветните служби од РЕК Битола, зависно од неговите потреби.

Согласно член 4, точка 1 од Договорот,  носителот на набавката ќе го врши фактурирањето врз основа на уредно воден градежен дневник и градежна книга/записник за извршени работни саати/количини, потпишани од овластени претставници на двете договорни страни и врз основа на времетраење на ефективен ангажман –  работа  на машината,  регистрирано  на дневна основа со извештаи.

Го потсетуваме потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ дека за првпат после две децении, АД ЕСМ набави механизација за сопствени потреби токму последниве три години. Со јавната набавка од 2021 година, за 17,5 милиони евра беа набавени 36 парчиња нова механизација за потребите на РЕК Битола. Втората јавна набавка на маханизација за потребите на АД ЕСМ беше реализирана во 2022 година, во вредност од над 10 милиони евра. За следната година предвидена е уште една набавка на механизација која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ“, се наведува во соопштението.

Share This Article
Exit mobile version