Каракачанов со нова провокација, овој пат од Битола

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, синоќа објави дека и тој бил во Битола на отворањето на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ со своите партиски соработници од ВМРО.

– За мене беше големо задоволство да присуствувам на отворањето на Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во градот Битола. Ви благодариме за неуморната работа и борба на Бугарите во Македонија за зачувување на Бугарија! Би сакал само едно да го советувам премиерот Петков. Следниот пат кога ќе излезе да го прочита својот однапред подготвен говор, во кој вели дека мораме да го „искорениме јазикот на омраза“, додека во исто време на 50 метри под местото каде што е, има група македонисти кои ги пцујат Бугарите од Македонија, да земе да погледне и да послуша малку – напиша Каракачанов на Фејсбук.

Како последна порака на својот статус тој објави „Македонија без Бугари – огнот да ја гори!“.

Share This Article
Exit mobile version