Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди изјави дека „оваа банда прави секогаш нешто големо“

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По вчрашното реми против европскиот шампион Италија, капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди изјави дека „оваа банда прави секогаш нешто големо“.

– Но, ни фали тоа да веруваме дека можеме многу работи да направиме – додава капитенот.

Првиот голман на Италија, Џанлуиџи Донарума се најде под најжесток удар на италијанските медиуми откако втора бомба во 18 месеци во два меча со Македонија му ја искина мрежата.

„Од Трајковски до Барди, Донарума ќе ја сонува Македонија. Нова грешка која може скапо да ја чини Италија. Неговата лоша реакција ни го урна мундијалскиот сон, а после година ипол повторно прими гол со удар кој не беше неодбранлив, ама не го фати. Со право јавноста се прашува – заслужува ли место во првиот тим?“, пишуваат италијанските медиуми поставувајќи анкета кој треба да биде нов дрес број 1 на Италија.

Сандро Тонали, новата ѕвезда на премиерлигашот Њукасл, по ремито на Италија со Македонија истакна дека лошиот терен не треба да биде алиби за новиот неуспех на актуелниот европски шампион.

Селекторот Благоја Милевски по ремито изјави дека не чувствува притисок, но дека му е жал „што одигравме нешто послабо во првото полувреме, во второто полувреме прикажавме игра токму онаква каква што замисливме“.

Репрезентативецот Бојан Миовски во првото полувреме имаше шанса да ја затресе мрежата на Италија, но за жал неговиот удар со глава заврши покрај голот на Донарума. Македонскиот репрезентативец е задоволен од играта на своите соиграчи и секако ремито, жали што не успеа да се запише во листата на стрелци, но истовремено е среќен бидејќи сите кои добија шанса одиграа лавовски против големиот фаворит.

– Момците беа максимално мотивирани, кај сите имаше голем жар и желба да покажат дека вредиме – вели Миовски.

– Во Малта одиме на три бода, сè освен победа ќе биде неуспех. Со оваа победа ќе влеземе во трката за второто место во групата – додава тој.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version