Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата, благодарение на одлучноста во својата политика

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка. Сепак, иако инфлациските притисоци се намалија, и понатаму има значителни ризици. Поради глобалната несигурност, како и нестабилните цени на енергијата и геополитичките тензии, централната банка мора да биде внимателна и да ги користи сите достапни алатки како што се приспособувањата на каматните стапки, девизните интервенции и мерките за управување со ликвидноста, за да нема промена во инфлациските очекувања“, нагласува Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, во интервју за порталот „Фактор“.

 Според него, зачувувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за таа да биде постојано посветена на контролата на инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, што ќе придонесе за поддршка на растот и довербата во економијата кај домашните и странските инвеститори.

 „Независноста на Народната банка е најважниот фактор за нејзиниот успех. Според нашата анализа во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот Индекс на независноста на централните банки. Способноста на Народната банка да работи без политичко мешање ѝ овозможи да носи тешки, но неопходни одлуки, како неодамнешните зголемувања на каматните стапки, со кои се зголеми привлечноста на штедењето за домаќинствата и претпријатијата, а со тоа успешно се намалија инфлацијата“, посочува Камер. Директорот на ММФ за Европа истакнува дека независноста мора да биде проследена со транспарентност и отчетност. „Во оваа смисла, неодамнешното доброволно учество на Народната банка во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот, исто така ја одразува нејзината посветеност на високите стандарди за транспарентност“, посочи Камер.

Share This Article
Exit mobile version