Извинување на индијанската актерка која го одби Оскарот во име на Марлон Брандо

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси 50 години откако Индијанката Сачин Литлфедер, припадничка на Апачите, излегла на сцената на доделувањето на Оскарите во 1973 година да објасни дека големиот холивудски актер Марлон Брандо не сака да ја прими наградата поради начинот на кој се прикажуваат Индијанците во филмовите, американската Академија за филмски уметности и науки ѝ се извини за злоставувањето кое го претрпела по тоа.

Филмскиот музеј на Американската академија соопшти дека на 17 септември Сачин Литлфедер, кој сега има 75 години, е поканета на вечера на „разговор, исцелување и почит“, пренесува АП.

Кога Марлон Брандо го освои Оскарот за најдобар актер за „Кум“ во 1973 година, Литлфедер се качи на сцената во индијански фустан и мокасини од еленска кожа, со што стана првата Индијанка што го направила тоа на најпрестижната филмска церемонија на светот.

Во својот говор кој траел 60 секунди, таа објаснила дека Брандо не сака да ја прифати наградата поради „начинот на кој филмската индустрија ги третира Индијанците, староседелците на американскиот континент“.

Некои во публиката тогаш ја исвиркале, а според зборовите на сведоци на тој настан, актерот Џон Вејн кој таа вечер бил зад сцената, вриел од бес.

Литлфедер се сеќава дека поради нејзиниот краток настап на церемонијата на Оскарите во 1973 година, била изложена на долгогодишна дискриминација, потсмев и физички напади.

Објавувајќи ја одлуката за повикот на извинување кој е упатен до оваа храбра жена, Музејот на американската филмска академија ги пренесе зборовите на претседателот на Академијата, Дејвид Рубин, кој напишал дека говорот на Литлфедер бил моќен јавен истап „кој и денес нè потсетува на неопходноста од почитување на човечкото достоинство“.

„Злоставувањето кое го претрпевте поради вашата изјава беше неоправдано. Емоционалниот товар кој го преживеавте и цената која ја плативте за уништената кариера во нашата индустрија се непоправливи. Предолго, храброста која ја покажувавте беше непризнаена. Поради ова ви го нудиме нашето најдлабоко извинување и го изразуваме нашето искрено восхитување“, напишал Рубин.

Реагирајќи на писмото на Дејвид Рубин, Сачин изјавила дека е „длабоко охрабрувачки да се види колку работите се промениле“ од времето пред 50 години кога јавно одбила да го прими Оскарот во име на Марлон Брандо поради начинот на кој во холивудските филмови се прикажуваат Индијанците.

Share This Article
Exit mobile version