Извештајот на ИЈЗ покажува дека смртноста од короната бележи намалување

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, минатата недела се регистрирани вкупно 1.069 нови случаи на ковид-19, со намалување од 39,3 проценти во однос на минатата недела. Пријавени се пет смртни случаи, а во моментов се хоспитализирани 83 лица, од кои 34 се на кислородна поддршка.

Новорегистрираните се од 31 град во државата. Со статус „оздравени“ се стекнале 1.582 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, што е за 37,7 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Во соопштението од ИЈЗ се наведува дека минатата недела се пријавени 269 реинфекции, со намалување од 33,9 проценти во однос на претходната недела.

– Пријавени се пет смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела со намалување од 58,3 отсто во споредба со минатата недела. Двајца починати се од Скопје, а пријавени се и по еден смртен случај од Кичево, Виница и Пробиштип. Во однос на возрасната група сите починати се над 60 години, сите се починати во болнички услови и кај сите се регистрирани коморбидитети – велат од ИЈЗ.

Во однос на хоспитализација, од Институтот додаваат дека минатата недела се примени 14 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 83 лица што е за 30,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Од нив, 34 се на кислородна поддршка, а нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 3 септември 2022 година, вакцинирани се вкупно 875.606 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно
856.624 лица. Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 317, од тоа 40 се прва доза, 26 како втора доза, 108 аплицирани како трета доза и 143 аплицирани како четврта доза.

Share This Article
Exit mobile version