Историчарот Димитров за оштетувањето на бугарскиот клуб во Охрид

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчерашниот напад на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е брутален акт на омраза. Инцидентите влијаат на двете страни, но не и на работата на Комисијата. Ние имаме свој научен пристап. Тоа е нашето решение на проблемите – изјави бугарскиот историчар и поранешен амбасадор Ангел Димитров, копретседавач од бугарска страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Коментарот тој го даде пред Министерството за надворешни работи (МНР) Скопје, каде со останатите членови на Комисијата од бугарска страна тој пристигна на новата средба за историските прашања.

За средбата тој рече дека нема коментар, а на прашањето што ќе биде на дневен ред тој рече дека истото што било на минатата, предминатата средба …

На прашањето дали тоа значи дека засега нема напредок, одговори потврдно.

– Тоа значи дека нема напредок, а дали ќе има ќе видиме денеска. Оптимистот секогаш очекува нешто добро – рече Димитров.

Вчера во охридската полиција беше пријавено оштетување на стаклото на клубот „Цар Борис Трети“ направено со огнено оружје. Ова е тре оштетување на овој клуб, за што нашето МНР излезе со реакција дека овие вандалски активности се целосно неприфатливи. Бугарското МНР испрати протестна нота и ја повика на разговор македонската амбасадорка Агнеса Руси – Поповска.

Share This Article
Exit mobile version