Градот Скопје вчера соопшти дека по две години отстранување пречки, системот за Брз автобуски превоз добил зелено светло од меѓународните партнери со што ќе започне неговата реализација во главниот град

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градот Скопје вчера соопшти дека по две години отстранување пречки, системот за Брз автобуски превоз добил зелено светло од меѓународните партнери со што ќе започне неговата реализација во главниот град.

Проектот подразбира изградба на два нови терминалa, транспортни центри, непречено сообраќање на автобусите и набавка на нови еколошки автобуси кои користат гас.

„Градот Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите кои ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз, надминувајќи ги проблемите со кои се соочуваат и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да нѐ сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието“, информираа од Град Скопје, но не кажаа кога ќе стартуваат градежните активности за овој обемен зафат.

Според најавите, новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно сѐ што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град.

Во анализата објавена на Плусинфо пред речиси две години пишувавме дека за реализација на проектот се потребни една година и 13 месеци. Најмалку толку време би бил раскопан главниот град на Македонија за по оската на неколку улици да можат да врват 24-метарски автобуси-хармоники одделени од автомобилите.

Share This Article
Exit mobile version