Големо вработување се најавува во македонската Царина

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Големо вработување се најавува во македонската Царина. Наеднаш се примаат дури 63 лица на работа во Царинската управа, а за овие нови вработувања оглас распиша Агенцијата за администрација.

Распишани се јавни повици за примање на неколку различни категории на вработени. На најголемиот број од луѓето што ќе дојдат да работат во Царина им се нунат ниски плати од по околу 24.000 денари.

Само деветмина ќе бидат малку подобро платени и ќе добиваат по 33.000 денари месечен надоместок. Овие девет лица ќе ја имаат функцијата виш цариник во отсекот за стоков промет во царинската испостава на автопатот Табановце, во Царинарницата Куманово. Тие што ќе конкурираат за оваа работа треба да имаат или Економски факултет, или Правен, или, пак, да се специјализирани за менаџмент. А, она што е поволност за нив, е дека не треба да имаат воопшто работно искуство. Паричниот износ на нето платата е 32.784 денари. Предвидени вработувања според етничкта припадност, пак, согласно годишниот план на институцијата за оваа година, се седуммина Македонци и двајца Албанци.

Покрај вишите цариници, во Царинарницата Куманово на автопатот Табановце се примаат уште 10 други работници, а тие ќе работат како обични цариници. Треба да имаат средно или више образование, и не треба да имаат работно искуство. Платата ќе изнесува 24.394 денари. А, ќе се примаат петмина Македонци, тројца Албанци, еден Турчин, еден од друга националност.

Третиот оглас е за 11 цариници во отсекот за патнички промет во царинската испостава Меџитлија, во Царинарницата Битола. Тие не мора да имаат воопшто високо образование, туку више или средно, и не треба да имаат никакво работно искуство. Покрај активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски, француски и германски, треба да имаат и сертификат за канцелариско и архивско работење. Нивните плати ќе бидат 24.394 денари, а се примаат на овие позиции седуммина Македонци, двајца Албанци, и по еден Ром и Бошњак.

Натаму, преку уште еден оглас се бараат дури 20 цариници во отсекот за патнички промет во царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје, во скопската Царинарница. Исто и тие треба да се со више или средно образование, и нема потреба да имаат никакво работно искуство. Платите и овде се 24.394 денари, а се вработуваат 13 Македонци, петмина Албанци, еден Турчин и еден Ром.

И последната категорија од 13 нови вработувања е за цариници во отсекот за патнички промет во царинската испостава Блаце. За нив важат истите услови, а ќе ги земаат и истите плати како и претходните две категории, а се примаат деветмина Македонци, двајца Албанци, еден Турчин и еден Србин.

Share This Article
Exit mobile version