Премиерот упати честитка за празникот „Св. Климент Охридски“

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем народен светител и просветител, кој го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле, се наведува во честитката на премиерот Христијан Мицкоски.

„Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја.

Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со силна вера, дисциплина и посветеност, ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов.

Денес кога се соочуваме со бројни предизвици потребно е да го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки. Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време“, нотира во објавата.

Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!“, се наведува во честитката на Мицкоски.

Share This Article
Exit mobile version