Газдата на Фејсбук е на 21 место со „само“ 55 милијарди долари

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска прв е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“, и неговото богатство се проценува на 191 милијарда долари.

Вториот е сопственикот на Твитер и „Тесла“ Илон Маск со 164 милијарди долари. Трет е Американецот Џеф Безос со 126 милијарди долари, најпознат по сопственоста на „Амазон“ и „Вашингтон пост“, потоа основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 112 милијарди и петти е Ворен Бафет, американскиот бизнис магнат, со 109 милијарди.

Сите тие забележаа пораст на богатството во однос на претходниот месец, а најмногу заработи Маск, кој од почетокот на 2023 година е побогат за четири милијарди долари. Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг е на 21 место со 55 милијарди долари.

И покрај санкциите, на листата се и руските милијардери, чие богатство во однос на 1 јануари се зголемило за 16,1 милијарди долари, а најбогат Русин е Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 30 милијарди долари.

Share This Article
Exit mobile version