Фолк-пејачката Сузи Анѓелковиќ доживеа семејна трагедија, почина нејзиниот 24-годишен син Робертино Илиевски

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фолк-пејачката Сузи Анѓелковиќ доживеа семејна трагедија, почина нејзиниот 24-годишен син Робертино Илиевски.

Оваа тажна вест ги остави во неверување нејзините пријатели и колеги од музичката сцена, кои ѝ изразуваат сочувство.

Сузи сподели фотографија со синот на која напиша: „Зошто синко зошто?“.

Робертино Илиевски (24), родум од Македонија, кој завчера вечер удри во дрво покрај улица во Власотинце, починал во Клиничкиот центар во Ниш. Робертино се здобил со тешки повреди од несреќата.

„Слушнавме силен тресок и кога излеговме на улица го видовме автомобилот, смачкан до половина од предната страна. Веднаш повикавме итна помош и полиција“, изјавиле очевидци.

Сузи Анѓелковиќ е од Власотинце и повеќе од две децении е пејачка на народна музика во Србија и  Македонија.

Сузи сними неколку песни на македонски јазик.

ФОТО: Фејсбук/Инстаграм

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version