Филмот не е ни во ТОП 10, но заработи вртоглава сума

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ова се филмовите кои заработија најмногу пари од продажбата на билетите за кино за викендот, како и нивната вкупна заработка според податоците на Box office.

Филмот „Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves“ е на првото место на листата на Box Office, со заработка од 38,5 милиони американски долари во првиот викенд од прикажувањето. Станува збор за акциона комедија за грабежи од 2023 година, во режија на Џонатан Голдстајн и Џон Френсис Дејли, кои заедно со Мајкл Гилио го потпишаа сценариото.

На второ место е акционата приказна „Џон Вик 4“. Дејството на новиот филм се одвива низ целиот свет и носи дејство од посебен вид. Кијану Ривс овојпат повторно ја игра главната улога. „Џон Вик“ викендов заработи 28,2 милиони долари, а вкупната заработка од продажбата на билети за кино е близу 123 милиони долари.

На третото место е „Неговиот единствен син“ кој во првиот викенд заработи 5,5 милиони долари. Откако Бог бара од него да го жртвува својот единствен син, верата на Авраам (Ибрахим) е на испит додека патува до планината Морија за да направи незамислива жртва.

На четврто место е „Scream VI“ со добивка од 5,3 милиони, додека на петто е спортската драма „Creed 3“. Тоа е приказна за судир меѓу поранешни пријатели во рингот. За пет недели прикажување заработи близу 149 милиони долари.

На шестото место е акционата комедија „Шазам! Бес на боговите“. Филмот, за три недели во кината, заработи нешто повеќе од 53,4 милиони.

Во топ 10 се и „Илјада и еден“, „65“, „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ и „Jesus Revolution“.

„Cocaine Bear“ е на 11. место, додека „Avatar: The Way of Water“ падна на 12. место по 16 недели прикажување. „Аватар“ заработи 846.000 долари за време на викендот, додека заработи речиси 682 милиони долари во американските кина од неговата премиера во средината на декември, со што вкупниот број во светот достигна повеќе од 2,3 милијарди долари.

Share This Article
Exit mobile version