Ердоган и Путин разговарале за коридорот за жито во Украина, но и за Сирија

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин за можностите за извоз на други прехранбени производи и стоки долж таканаречениот „коридор за жито“ низ Црното Море, соопшти турското претседателство.

Како што е наведено, за време на телефонскиот разговор Ердоган и Путин разговарале и за билатералните односи, енергетиката и за борбата против тероризмот.

„По Црноморскиот хуманитарен коридор се транспортирани над 13 милиони тони жито, а можен е и извоз на други прехранбени производи“, рекол Ердоган во телефонскиот разговор.

Турскиот претседател ја изрази и својата „искрена надеж за скорешен крај на војната меѓу Русија и Украина”.

Ердоган исто така му рекол на Путин дека чистењето на границата на неговата земја со Сирија од терористи на длабочина од најмалку 30 километри е приоритет за Анкара.

Share This Article
Exit mobile version