Едногодишно девојче од Шпанија е првиот човек во светот на кого успешно му се трансплантирани црева од донор кој починал од срцеви заболувања

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едногодишно девојче од Шпанија е првиот човек во светот на кого успешно му се трансплантирани црева од донор кој починал од срцеви заболувања.

– Детето е сега отпуштено од болница и е во одлична состојба дома, со своите родители – изјавиле од болницата во Мадрид каде е извршена трансплантацијата.

На новороденчето Ема ѝ била дијагностицирана интестинална инсуфициенција еден месец по раѓањето. Односно, нејзините црева биле пократки отколку што треба и поради тоа нејзиното здравје брзо се влошувало.

Ема добила мултивисцеларна трансплантација, односно покрај црева, трансплантирани ѝ биле и нов црн дроб, желудник, слезина и панкреас.

Органите на донорот којшто починал биле вештачки зачувани и покрај недостигот на оксигенирана крв што настанал откако неговото срце престанало да чука. Органите биле зачувани преку вештачкиот систем познат како екстракорполарна мембрана оксигенација.

Повеќето трансплантации досега се извршени со органи од донори кои претрпеле мозочна смрт, но кај кои е задржано отчукувањето на срцето бидејќи тоа ги одржува непроменети другите органи.

– Сепак по развојот на модерната асистолија (кога се трансплантираат органи по смрт настаната од прекин на работата на срцето), оваа техника стана многу популарна и речиси третина од донациите во Шпанија се извршуваат на овој начин – изјавиле од болницата.

Шпанија е глобален лидер во трансплантацијата на органи со повеќе од 102 извршени трансплантации на милион жители во 2021 година. Оваа статистика според шпанското министерство за здравство е надмината само во САД.

Share This Article
Exit mobile version