Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што ноќеска половина час после полноќ се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Подмолје.

До несреќата дошло при судар на две патнички моторни возила со охридски регистерски таблички, и тоа „aуди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта и „фолксваген поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид.

Во сударот на лице место загинал Х.К., додека со тешки телески повреди се здобил М.Л. кој со возило на Службата за итна медицинска помош е префрлен на интервенција во Специјалната болница за оротопедија и травматологија „Свети Еразмо“.

По наредба на јавен обвинител врз телото за загинатиот ќе биде извршена обдукција, додека причните за несреќата ќе ги даде истрагата.

Share This Article
Exit mobile version