Една жица за мигранти прави хаос во САД

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една бодликава жица на границата на државата Тексас со Мексико која треба да ги одврати илегалните мигранти од Мексико прави хаос и уставна криза во САД. Додека Врховниот суд нареди дека жицата мора да се отстрани, државата Тексас, која граничи со Мексико се спротивстави на оваа одлука, ги извади своите тенкови и армија на преминот „Игл“(„Орел“) и соопшти дека доколку е потребно ќе побара воена поддршка од 25 други републикански гувернери за жицата да остане недопрена.

На социјалните мрежи се појавија снимки од тенкови на армијата на Тексас и со порака дека Тексас ќе ја брани својата граница. Пред три дена Си-Ен-Ен објави дека армијата на Тексас блокирала некои делови од клучниот премин „Игл Пас“ попречувајќи ја федералната гранична контрола да пристапи.

Сега Тексас и граничната контрола меѓусебно се обвинуваат за инцидент од 12 јануари кога мајка и две деца од Мексико се удавија во паркот „Шелби“ близу границата под неразјаснети околности.

Во текот на минатиот ден поранешниот американски претседател Доналд Трамп се сретна со гувернерот на Тексас Грег Абот.

Тексас ја постави жицата поради големиот број нелегални влезови – дури 300.000 минатиот месец. Останатите републикански гувернери застанаа на страната на гувернерот Абот, велејќи дека Тексас има право на самоодбрана.

 

 

 

 

- Advertisement -

 

Националистите во Тексас бараат референдум за отцепување иако тоа не е дозволено во американскиот устав.

Тексас се отцепи од Мексико во 1836 година и помина девет години како своја нација пред да стане сојузна држава на Соединетите Американски Држави. Исто така, Тексас се отцепи од САД во 1861 година пред да биде повторно примен по завршувањето на Граѓанската војна во 1870 година.

- Advertisement -

Адвокатот за имиграција Хаим Вакез тврди дека сме сведоци на невиден граничен конфликт и дека ова ќе биде тест за авторитетот на САД и на Врховниот суд.

 

 

На социјалните мрежи исто така пред шест часа се појави видео од живинарска фарма која гори близу границата, а многу луѓе коментираат дека тоа е нечија одмазда за судирот што се случува меѓу Тексас и администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

 

 

 

Share This Article
Exit mobile version