Драматичен крај на првото рочиште во кое сведочеше Коста К.

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Мајка ми секогаш бараше да бидам најдобар. Таа се лутеше и викаше кога јас не бев најдобар. Бидејќи таа постојано бараше повеќе од мене, и јас ѝ се налутив. Тоа нејзино однесување влијаеше да го направам тоа што го направив. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“.

Ова, како што неофицијално дознава Курир, го изјавил малолетниот убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска пред Специјалниот суд во Белград, за време на сведочењето во судската постапка против неговите родители на момчето убиец.

Денешниот распит на момчето убиец Коста К. заврши, а следниот е закажан за 17 октомври.

Како што јави репортерот на српска ТВ Прва пред судот, вештаците оцениле дека е точно она што досега го кажал Коста К. додека одговараше на прашања и дека исказот е доволен за неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ да бидат осудени во судскиот процес против нив.

Сите присутни оценија дека ова судење е едно од најдраматичните.

Некои од родителите на жртвите биле бесни, додека други плачеле и ги бришеле солзите. Родителите на жртвите се наоѓале во третата просторија од судницата, која била одвоена со стакло од кутијата во која биле родителите на Коста К.

Куса изјава за медиумите даде адвокатот на семејствата на убиените деца Огњен Божовиќ.

– Не знам што да ви кажам без да го повредам фактот што јавноста е исклучена од судењето. Во суштина, не треба да зборувам за процесот или за деталите за тоа што се случува во судницата. За жал, тоа е она што можам да го споделам со вас – накратко рече Божовиќ.

Момчето убиец кое престојуваше во специјална здравствена установа од 3 мај минатата година кога уби девет соученици и чувар во училиштето во Врачар, денеска во придружба на лекар беше донесен на исказ.

- Advertisement -

Коста К. можеше да одлучи да не сведочи против неговите родитеите, но на прашање на судијата рече дека сака.

Во врска со причината за масакрот Коста К. денеска изјави дека тој се чувствувал отфрлен во училиштето.

Share This Article
Exit mobile version