Драма во авион: Летале во силни турбуленции, седум лица се повредени

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на „Хавај ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

Во четвртокот, авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот кога „наиде на неочекувани силни турбуленции околу петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Авионот само што се урна. Не бевме подготвени“, рекол еден од патниците.

Лекарите на аеродромот укажале на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј. Еден патник и три стјуардеси се испратени во болница на дополнителни прегледи, а стјуардесите во меѓувреме се пуштени од болничко лекување, соопштија во понеделникот од авиокомпанијата, пренесува Нова.рс.

Минатата година во тешки турбуленции беа повредени 25 лица на летот на „Хавај ерлајнс“. Четворица патници и двајца членови на екипажот се тешко повредени, но авионот претрпел помала штета.

 

 

Share This Article
Exit mobile version