Добрососедството е услов за ЕУ, а протоколот е услов за добрососедство

By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Максималистичките барања на официјална Софија се преточени во т.н. француски предлог, кој нашите власти се обидуваат да го презентираат како европски, тврдат нашите соговрници, кои посочуваат дека предлогот ќе мора во целост да се одбие или делумно да се промени за да стане прифатлив за Македонија.

Дека бугарските ставови се содржани во францускиот предлог потврди и поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, кој во интервју за БТВ посочи дека е презадоволен од предложениот документ, бидејќи во него се вметнати сите барања на Софија.

– Тука треба да дадам голем кредит на Министерството за надворешни работи, дури и на министерката Генчовска од ИТН, но и на голем дел од мојот тим, што францускиот предлог е исклучително добар и со него бугарската позиција стана европска позиција. И во моментов во Македонија им е многу тешко да го прифатат, но ќе сфатат, треба да сфатат дека ако сакаат да се развиваат, европскиот пат е единствен пат. Ужасно би било Албанија да го продолжи патот кон ЕУ, а Македонија да остане – изјави Петков.

Добрососедството е услов за ЕУ, а протоколот е услов за добрососедство

Стојко Стојков, лидерот на организацијата на Македонците во Бугарија – ОМО Илинден Пирин, за Плусинфо тврди дека Бугарија ги остварила сите свои цели кон т.н. „македонско прашање“, со предлогот кој беше испратен од француското претседателство на Европската Унија.

– Практично е така бидејќи протоколот договорен од Македонија и од Бугарија индиректно влегува во преговарачката рамка. Добрососедството е клуч на евроинтеграцијата, а протоколот е услов за добрососедство, по што Бугарите имаат целосна контрола врз зачленувањето на Македонија во ЕУ – вели Стојков.

Тој вели дека со францускиот предлог е нанесен и уште еден удар на обидите на македонското малцинство во Бугарија, за нивно признавање од страна на државните органи.

– Се работи за морален удар, бидејќи ние Македонците во Бугарија и до сега опстојувавме без никаква помош од страна на Република Македонија. Лошо е и што овој предлог само го засилува бугарскиот национализам кој ќе продолжи со бугаризацијата на Македонците – додава Стојков, кој препорачува одбивање на предлогот.

Зарем е битно како ни се чувствувале предците?

- Advertisement -

Но, како тогаш предлогот да се подобри, односно како со одредени измени да стане примамлив и за македонската јавност? Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, одговара дека за францускиот предлог да стане прифатлив, би морало прво да бидат сменети шесте спорни точки, кои претходно од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ беа посочени во работните групи на Собранието.

– Со шесте забелешки и нивната промена во документот, францускиот предлог ќе ги загуби максималистичките барања на Софија и ќе значи план за европеизација на Македонија. Да не преговараме за европската идина, со тоа како нечии предци се чувствувале пред 150 години. Додека земјата кандидат не се согласи со условите, до тогаш предлогот за преговарање со ЕУ не е усвоен. Затоа сметам дека ние мора да се обидеме да го подобриме предлогот со тоа што ќе предложиме измени – изјави Милошоски.

Во шесте спорни точки на францускиот предлог, објавени претходно од ВМРО-ДПМНЕ, се предвидува бришење на декларациите за јазикот и потенцирање на македонскиот јазик. Потоа во точка 5 од преговорачката рамка се предлага да изостане делот за посветеноста на земјава во добрососедските односи и спроведување на билатералните договори, вклучително Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување. Во документот наречен Заеднички став на ЕУ, опозицијата предложи и промената на Уставот да биде изоставена како услов за одржување на втората меѓувладина конфереција, со што практично би започнале преговорите за Македонија. Покрај бришењето на уште неколку формулации во текстот, од ВМРО-ДПМНЕ побараа и изоставување на спорниот пасус во кој се потсетува на важноста од постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучувајќи ги договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија.

- Advertisement -

– За жал, власта не се согласи со нашите предлози, иако ние бевме максимално конструктивни. Доколку сакавме да бидеме деструктивни ќе предложевме 60 спорни точки, но ние се ограничивме на само шест, со кои сметаме дека предлогот ќе стане прифатлив. Но, во работните групи формирани од претставници на политичките партии во Собранието, нашите предлози беа одбиени – вели Милошоски.

Тој потенцира дека владејачката коалиција не е заинтересирана за содржината на преговорите, колку што е засегната да добие некаков датум за преговори, што според него, потоа би се искористило во пропагандни цели.

– На таков начин може да се направи голема штета за Македонија, која во иднина ќе остане заробена во преговарачкиот процес. Од СДСМ сакаат да прикажат некаков успех, иако се свесни дека на ваков начин Македонија ќе влезе во мачен процес на преговори. Од друга страна, тие се уценувани од партнерите од ДУИ, кои по цена на раскинување на владејачката коалиција се упорни францускиот предлог да се прифати – додава тој.

Францускиот предлог се очекува во наредните денови да биде претставен пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Share This Article
Exit mobile version