Дали легендарниот британски бенд им го должи својот успех на САД?

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11551735 Anti-tank barriers, known as "dragon's teeth", are seen during media quest day in Karsava, Latvia, 16 August 2024. So-called "dragon's teeth" obstacles, concrete structures, also known as "Lego blocks", anti-tank obstacles, barbed wire have been or are being installed at more than 20 places along Latvia's borders with aggressor states Russia and Belarus. A total of 303 million euros will be invested in the military strengthening of Latvia's eastern border over the next five years. EPA-EFE/VALDA KALNINA

Филмот „Битлси ’64“ („Beatles ’64“), музиката од него и американските верзии на првите плочи на Битлси беа објавени истовремено на крајот на минатиот и на почетокот на овој месец во САД, па стигнаа до останатите делови на светот преку интернет. Во филмот се раскажува за турнејата на британската група преку Атлантикот во 1964 година.

Ниеден од трите обиди за ревитализација на старата тема, „Битлси во САД – Америка во Битлси“, не наиде на особено одобрување. Критичко-негативните тонови, барем меѓу јавните оценувачи, се многу повеќе од интензивни. Тезата дека успехот во Америка бил одлучувачки миг во кариерата на поп-рок составот може да важи за комерцијално-финансиското гледиште, но во уметничка смисла, тоа секако не било особено важно, без оглед на тоа што нивните музички корени, како како и доминантните стилови во првата фаза, беа преку океанот, нагласуваат познавачите. Сепак, на порталот за оценка на филмови и на серии, ИМДБ, документарецот има оценка 7,4 од 10, од засега речиси 930 гледачи.

Филмот „Битлси ’64“ е продуциран од Мартин Скорсезе.

Тука е и впечатокот дека зимата во 1964 година, Битлси ѝ послужиле на Америка како лек за „пост-кенедиевската депресија“, а внимание беше посветено и на фактот дека токму тие успешно ѝ ја претставиле „црнечката“ американска музика на американските белци, особено на најмладата публика.

Музиката од филмот се појави, без никаква најава, на сите стрим-платформи, но наместо очекуваните подобрени „живи“ верзии на песните од првата американска турнеја, според критичарите, се состоела од едноставна компилација на студиски снимки од периодот 1962-1965 година. Истото може да се критикува и комплетот винилни плочи, којшто исто така беше издаден со ист наслов (1964), иако содржи дури 6 американски албуми на групата во оригинални моноверзии.

Имајќи предвид дека оваа колекција е поскапа за околу 100 евра од збирот на цените на поединечните албуми, ова, наводно, е само уште еден обид „да се ограбат“ колекционерите и обожавателите. Сѐ укажува, се вели, дека објавувањето повеќе вакви изданија е само со цел да се заработат дополнителни пари.

Share This Article
Exit mobile version