Да му дадеме надеж на народот за борба

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Се работи за мал придонес кон протестите, слобода на изразување и порака за надеж до народот, кој мора да продолжи со борбата, бидејќи само низ борба ќе успееме да се избориме за нашите права, вели адвокатот Тони Менкиноски, кој вчера од прозорецот на својата канцеларија во Скопје го развиори знамето со Ѕвездата од Вергина, во знак на поддршка на протестите кои со денови се одвиваат во Скопје, на кои демонстрантите бараат да се одбие францускиот предлог за откочување на македонскиот пат кон Европската Унија.

Менкиновски во изјавата за Плусинфо инсистира дека предлогот што внесе голема нервоза во јавноста во Македонија е лош и не смее да биде прифатен од пратениците во Собранието

– Не може ние да преговараме со Брисел преку Софија. Тоа ќе значи дека правиме директен договор со индиректни преговори. Нас нѐ очекува постигнување на мултилатерален договор со ЕУ, кој ќе биде заснован на билатерални преговори со Бугарија. Тоа е невозможна мисија – вели адвокатот.

Менкиноски предупредува на фактот дека преговорите со ЕУ се и онака долги, тешки и исцрпувачки за секоја земја-кандидат, па ние би биле во крајно лоша ситуација доколку тоа биде обременето и со билатералниот протокол со Бугарија.

– Мораме да го одбиеме таквиот предлог, бидејќи со ЕУ мора да преговараме на рамноправна основа. ЕУ е сојуз, а пристапувањето кон одреден сојуз претпоставува добивање на бенефиции, но и еден куп на обврски – додава тој.

Менкиноски повика на обединување на сите граѓани на земјата во борбата без која, како што самиот тврди, нема да може ништо да се постигне.

Share This Article
Exit mobile version