Членките на ЕУ би можеле денеска да ги заострат правилата против пушење и да ја поддржат забраната за пушење и „вејпинг“ на некои отворени простори како што се игралишта, плажи, базени и тераси во кафулињата

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Членките на ЕУ би можеле денеска да ги заострат правилата против пушење и да ја поддржат забраната за пушење и „вејпинг“ на некои отворени простори како што се игралишта, плажи, базени и тераси во кафулињата.

Препораката за забрана на пушење и на „вејпинг“ на отворено ќе биде предмет на расправа на 27 министри за здравство на состанок во Брисел.

Според дипломатски извори, препораката ќе биде усвоена и покрај политичките поделби околу тоа прашање кои станаа видливи минатата недела кога Европскиот парламент отфрли сличен документ.

Препораката не би била обврзувачка, имајќи предвид дека здравјето е единствена одговорност на земјите-членки. По првичниот предлог на Европската комисија во септември, нацрт-документот ги повикува членките на ЕУ да ги прошират ограничувањата за цигарите за да вклучат „нови производи“, како што се загреаниот тутун и електронските цигари, кои се се попопуларни меѓу младите.

Во пракса, тоа значи дека сите форми на пушење и употреба на тутун-производи би биле забранети на базени, во зоолошки градини, на автобуски станици, на покривни тераси на барови и на тераси во ресторани.

ЕУ има за цел да го намали загадувањето од пушењето, од околу 25% на помалку од 5%, до 2040 година.

Share This Article
Exit mobile version