Чкембари објавија видео од полициска бруталност врз нивни член

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Навивачката група Чкембари на нивната фејсбук страна објави видео на кое може да се види како еден нивен член е физички нападнат од полициски службеници, иако тој не пружаше никаков отпор. Инаку ракометното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер го одбележаа низа инциденти како внатре во салата така и надвор од нејзе.

Најпрвин до инцидент дојде веднаш по моментот кога гостинските навивачи влегоа во СЦ „Јане Сандански“, кога двете навивачки групи влегоа во близок контакт. Заштитната ограда меѓу трибините беше срушена а за време на инцидентот летнаа тврди предмети и пиротехника.

По мечот исто така имаше инцидент, во кој беа каменувани автобусите со кои битолчани пристигнаа во Скопје.

МВР излезе со свое соопштение во кое потврди оштетување на четири автобуси и најави дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

– Во врска со инцидентите за време и по ракометниот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, кој се одржа во спортска сала на подрачјето на Аеродром, од страна на полициски службеници во полициска станица се приведени Д.А.(43) од Скопје и Т.Г.(37) од Битола и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во врска со настанот, во СВР Битола било пријавено дека околу 18.45 часот на бул.’АСНОМ’ во Скопје од повеќе лица биле оштетени два автобуса со прилепски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Прилеп и два автобуса со битолски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Битола, кои превезувале навивачи на спортски натпревар. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот – се вели во извештајот од МВР.

Вчера пак навивачката група Чкебари на својата Фејсбук страна објави видео од полициско тепање на нивен член опкружен со полицајци кој не пружа отпор.

Share This Article
Exit mobile version