Бране Петрушевски поднесе претставка против кумановскиот судија Неџат Мемети

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше осуден за клевета и навреда на негов колега во Собранието, денеска поднесе претставка против судијата Неџат Мемети од Основниот суд Куманово, кој ја донесе пресудата.

– Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите кои што ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права, осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница. Контекстот во кој живееме денеска го прави овој мој чекор нужен и неопходен.

Денеска, покрај тоа што не се уважува имунитетот на еден опозициски пратеник, сведоци сме и на осуда на новинари за критичка мисла. Сведоци сме на сериозен извештај со сериозни критики од ЕК токму во делот на правосудството, а сведоци сме на секојдневни пресуди кои што стигнуваат од Европскиот суд за човекови права за противправно постапување на македонските судови – рече Петрушевски по поднесувањето на претставката до Основен суд Куманово.

Тој побара Судскиот совет сериозно да ја разгледа неговата претставка и на ваквите судии да не им остави место во македонските судови.
– Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија – рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски е осуден на глоба од 150.000 евра по граѓанска тужба од пратеникот Мартин Костовски од СДСМ.

Share This Article
Exit mobile version