Божинов од ОМО Илинден најави македонски клуб кај Пловдив

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров” во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе отвори приватeн клуб.

Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО Илинден денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова” од Штип.

– Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе отворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански” или „Македонија”, се уште немаме решено како ќе се нарекува – вели Божинов.

Тој посочува дека целта на отворањето на клубот е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија и Пловдив.

– Има многу бегалци од егејскиот дел на Македонија во Пловдив, цел кварт е, а нашите Македонци го крстиле „Мал Париз” – вели Божинов.

Тој забележа дека бугарските власти знаат за неговите намери и како што вели, Македонци се следени во сите нивни активности, но тоа не го загрижува. Што се однесува за младите, Божинов вели дека младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност.

– Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Пловдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија – додава Божинов.

Кирил Иванов од „ОМО Илинден” вели дека откако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров”, кој беше отворен минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации, сега ситуацијата е нормална.

Иванов посочи дека борбата за нивните права во Бугарија ќе продолжи, како и досега, а прашан дали ќе формираат ново здружение и клуб во Благоевград изјави дека ќе одлучат што понатаму во вторник, кога имаат средба. 

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version