Бајден беше искрен во врска со офанзивата во Украина

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во Вилмингтон дека Украина постигнала значителен напредок во нејзината контраофанзива против руската армија, но дека не може да се каже дали војната е на пресвртница како што со тоа се фалат Украинците кои ја нарекоа нивната офанзива „снежна топка“ во која се ослободени 6.000 километри квадратни.

На новинарско прашање дали војната во Украина е на пресврт, Бајден вчера рече дека е тешко да се одговори, но дека смета дека конфликтот ќе се одолговлекува, пренесува Ројтерс.

Во последните денови, украинската армија постигна значителен напредок во својата контраофанзива против руските сили во областа Харков во источна Украина. Сепак, вистинскиот напредок е предмет на шпекулација бидејќи досегашните информации за успехот доаѓаат најчесто од украинските извори.

„Мерките за стабилизација“ беа завршени на околу половина од таа територија, рече Зеленски, „а низ ослободеното подрачје со приближно иста големина, мерките за стабилизација сè уште се во тек“.

Share This Article
Exit mobile version