Анкета на ИПИС покажа дека подобро живееле пред 5 години

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секој трет граѓанин на Македонија планира да се исели од државата, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 30% од анкетираните размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија. 64,8% изјавиле дека не размислуваат за иселување.

Уште позагрижувачки се податоците за младите. Речи си половина од оние кои имаат помалку од 40 години планираат да си одат од Македонија.

Анкетата на ИПИС покажува дека 45,3% од младите до 29 годишна возраст размислуваат за иселување. Кај возрасната група од 30 до 39 години, 44,3% размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од Македонија.

Како расте возраста на анкетираните граѓани овој процент се намалува. 33,2% од граѓаните меѓу 40 и 50 години размислуваат за иселување. Интересно е што 28,1% од оние кои се меѓу 50 и 59 години планираат да си заминат од Македонија. Кај граѓаните над 60 години интересот за иселување очекувано паѓа на 9,8%.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

Повеќе од половина од граѓаните велат дека пред 5 години живееле подобро од денеска. Ваков став делат точно 52,6% од анкетираните. 33,7% не чувствуваат промена додека само 6,6% велат дека денеска живеат подобро отколку пред 5 години.

По региони, во Пелагонија дури 66,2% од анкетираните рекле дека пред 5 години имале подобар живот. Најмал е процентот на граѓани кои подобро живееле пред 5 години во југоистокот.

- Advertisement -

Во споредба со анкетата која за Детектор, ИПИС ја спроведе во 2019 година, бројките многу се разликуваат. Пред 4 години 33,5% од граѓаните изјавиле дека живееле подобро пред 5 години што е значително помалку од денешните 52,6%.


Бројот на граѓани кои во 2019 изјавиле дека во моментот живеат подобро од она што го живееле пред 5 години бил 23,7% од анкетираните што е речи си 4 пати помалку од денешните 6,6%.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

Share This Article
Exit mobile version