Американците сакаат да дознаат повеќе за кандидатката на Демократите

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп и неговата демократска ривалка, потпретседателката Камала Харис, се практично изедначени во однос на популарноста во последните недели, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од „Њујорк тајмс“ и колеџот Сиена.

Трамп води со еден процентен поен, 48 наспроти 47 отсто во однос на Харис, покажа истражувањето, што е разлика во рамки на маргина на грешка од три поени. Тоа значи дека кој било од двајцата би можел да победи на 5 ноември.

Додека кампањата на Трамп претрпе релативно тежок период во неделите откако американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од трката во јули, најновите анкети покажуваат дека неговата поддршка е стабилна. Анкетата покажа дека гласачите сметаат дека треба да дознаат повеќе за Харис, додека нивните мислења за Трамп беа во голема мера утврдени.

Околу 28 отсто од анкетираните гласачи изјавиле дека им се потребни повеќе информации за кандидатката на демократите, додека само девет отсто го рекле истото за Трамп. Анкетата покажува дека претседателската дебата во вторник би можела да биде клучен момент во кампањата на кандидатите

Share This Article
Exit mobile version