Александра Пријовиќ ќе се „пензионира“

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српската пејачка Александра Пријовиќ која стана регионална ѕвезда, ќе ја заврши својата концертна турнеја „Од исток до запад“ на 22 декември таму каде што ја започна, во белградска „Арена“.

 

По завршувањето на спектакуларната турнеја, таа планира одредено време да се „пензионира“, односно да се повлече од очите на јавноста и да се посвети на создавање на нови песни и на своето семејство.

– Следната година е идеална за одмор и за креативна работа – рече таа.

Александра е во брак со Филип Живојиновиќ, кој ѝ помага во музичката кариера.

Освен за музика, пејачката размислува и за проширување на семејството:

– Да се прашуваше нашиот син, друштвото одамна требаше да дојде. Значи, веројатно е време – вели Пријовиќ.

Во врска со неодамнешното медиумско внимание околу снимката на нејзиниот сопруг со пејачката Сандра Африка, Александра коментира:

– Навикнати сме на вакви натписи, но тоа не значи дека е лесно. Нашето семејство е често на мета, но секогаш сме тука еден за друг – признава Александра за Блиц.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version