More

    Џонсон и Сунак се фаворити

    spot_img

    Борис Џонсон и поранешниот министер за финансии Риши Сунак се потенцијални кандидати за нов британски премиер. Ден по оставката на Лиз Трас кандидатите бараат поддршка за лидерската функција на Конзервативната партија.

    По оставката на Трас, оние кои сакаат да ја заменат се обидуваат да ги обезбедат стоте гласови од конзервативните пратеници потребни за кандидатура за премиерската функција.

    Потрагата по петтиот британски премиер во последните шест години доаѓа во време кога на Ториевците, според анкетите, им се заканува неуспех на изборите. Опозициската Лабуристичка партија бара предвремени избори, што редовно би се одржале најрано до крајот на 2024 година.

    Новиот лидер на Конзервативната партија ќе биде објавен в понеделник или в петок следната недела.

    Најмногу шанси за премиер заедно со Сунак има Џонсон, кому пратениците пред само три месеци му изгласаа недоверба.

    – Мислам дека докажа дека може да ги сврти работите. Тој може да го направи тоа повторно. Сигурен сум дека моите колеги ќе ја слушнат таа порака јасно и гласно. Борис Џонсон е фигура од која Лабуристите се плашат, Борис Џонсон може да победи на следните избори – рече конзервативниот пратеник Пол Бристоу за Џонсон на радиото Ел-Би-Си.

    Но, на Џонсон нема да му биде лесно да собере сто гласа после скандалите и обвинувањата за злуопотреби што го одбележаа неговиот тригодишен премиерски мандат.

    Еден од неговите поранешни советници, кој повеќе не разговара со Џонсон и зборуваше под услов да остане анонимен, за британски медиуми изјави оти не верува дека неговиот поранешен шеф ќе собере доволно гласови бидејќи отуѓи голем број конзервативци за време на неговото владеење.

    Битката за премиерскмиата функција започна вчера, само неколку часа откако Трас ја објави својата оставка што го направи нејзиниот премиерски стаж најкус во историјата на државата.

    Сунак, поранешен аналитичар на „Голдман Сакс кој стана министер за финансии со пристигнувањето на пандемијата на ковид-19 во Европа, е фаворит во обложувалниците, а по него е Џонсон. Трета е Пени Мордоунт, поранешна министерка за одбрана популарна кај сопартијците.

    Никој од нив сѐ уште официјално не ја објавил својата кандидатура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img