More

    Џони Деп има нова девојка

    spot_img

    Актерот Џони Деп е во врска со неговата адвокатка Џоел Рич, која го бранеше за време на тужбата против „Сан“ во Велика Британија минатата година, пишува „Дејли мејл“.

    Таа е партнерка во меѓународната адвокатска фирма Schillings, чии клиенти се и принцот Хари и Меган Маркл.

    Според „Дејли меил“, Рич дошла да го поддржи Деп и на последното судење против Амбер Херд во САД, иако не била дел од тимот на актерот во процесот. Наводно тие престојувале во ист хотел за време на судењето.

    За новиот пар зборува и извор од Us Weekly, според кого станува збор за „голема хемија“ и за сериозна врска. Кога Рич го бранела Деп на судењето против The Sun, кој актерот го обвини за клевета, таа била мажена,а сега е во процес на развод од сопругот, финансиерот Џонатан Рич, со кого има две деца.

     

    Додека траеше судскиот процес против Амбер Херд, медиумите шпекулираа дека Деп е во врска со адвокатката Камила Васкез, која го бранеше во случајот.

    На крајот на мај оваа година заврши долгата тужба на Џони Деп против поранешната сопруга Амбер Херд, која го обвини за семејно насилство. За возврат, Деп ја обвини актерката за клевета, што му ја уништила кариерата. Во судскиот процес победи Деп, а на Амбер Херд судот ѝ наложи да плати паричен надомест.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img